Мурињо е уверен дека Ибрахимовиќ ќе остане во Јунајтед!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мурињо изјави дека Ибра има уште една година играње врвен фудбал и таа една година ќе ја одигра во дресот на Манчестер Јунајтед.

Ибра има договор до крајот на сезоната, може да го продолжи на уште една година но сеуште нема ништо, Мурињо е уверен дека тоа ќе се случи.

Ибра има 35 години и има постигнато 20 погодоци во Јунајтед.

„Уверен сум дека ќе остане. Ибрахимовиќ не дојде овде само за една сезона“ – изјави Мурињо.

Исто Мурињо изјави дека летото може да пристигнат само 4 играчи во тимот на Манчестер Јунајтед, а за сумата на пари која планира да ја троши не сакаше да зборува.