Деле Али е најдобар играч во јануари во ПЛ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот играч во ПЛ во јануари е Деле Али.

Играчот за врска на Тотенхем одигра одлично во последните неколку недели и како шлаг на тортата беа 2-та голови во победата против Челси.

Покрај тоа, во јануари 2 пати постигна гол против Вотфорд и 1 против Манчестер Сити.

Деле Али е прв пат прогласен за играч на месецот во ПЛ, а оваа година е втор играч на Тотенхем кој ја доби оваа награда.

Вкупно 13-ти играч од Тотенхем кој е прогласен за играч на месецот. Двајца играчи ја добија оваа награда повеќе од еден пат – Бејл 2 пати и Кејн три пати.

„Чест ми е што добив ваква награда. Мислам дека цел тим играше одлично овој месец. Игравме одлично. Омилениот момнет ми беа головите против Челси. Беше тоа голем натпревар за нас и за навивачите.“