Нови проблеми за Монтела!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Амбулантата во Милан работи во полна пареа. Против Лацио нема да настапат Антонели, Де Шиљо и Палета а сега и уште еден првотимец од одбраната се повреди.

Станува збор за Алесио Ромањоли кој ја повреди десната натколеница и нема да му биде на располагање на Монтела за дуелот со Лацио во Рим.

Милан после три пораза и реми конечно победи против Болоња минатото коло со гол на Пашалиќ во финишот и со два црвени картони.

Но таа победа не значи почеток на нова серија за Росонерите како што работите се одвиваат.