АТП Монпеље – Гаске и Зверев по тешка борба стигнаа до ½-финале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес на програмата на турнирот во Франција се одиграа 4 натпревари.

Во првиот натпревар Гаске имаше малку потешка задача против Де Шепер, но на крајот успеа да стигне до победата со 2:1 во сетови, односно 6:2, 5:7 и 6:4.

Паире помина многу лесно против Браун кој го предаде натпреварот уште во вториот гејм.

Цонга не му дозволи да „мрдне“ на Медведев, па со сигурни 2:0 се пласираше во ½-финалето.

Последниот натпревар донесе повторно возбудувања, а Зверев беше подобар од Чарди со 2:1 во сетови, односно 6:4, 4:6 и 6:2.