„Кутињо мора да се опушти!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул игра многу лошо во последно време.

Тие сеуште немаат победа во 2017-та година во ПЛ, а една од причините за слабите резултати е слабата форма на Кутињо.

Бразилецот не постигна гол од ноември, а Клоп изјави дека тој мора да се опушти.

„Се обидуваме да се вратиме на вистински пат. Кутињо е тип на фудбалер кој дава се од себе на теренот. Тоа не е лесно за него. Тој превзема одговорност на себе. Мора да се опушти. Имаше многу добра недела тренинг зад себе.“

Првата шанса за излегување од кризата Ливерпул ќе има против тимот на Тотенхем.