ЛеБрон го враќа ударот, го доведува Вејд?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се создава ли нова осовина во Мајами после заминувањето на Дурант во Вориорси. Преговорите почнаа, клучот е ЛеБрон Џејмс!

Двејн Вејд е на раскрсница, Мајами му понуди 20 милиони долари по сезона, тој е разочаран бидејќи преговорите со Вајтсајд имале приоритет.

„Флеш“ го тестира пазарот, разговараше со Бакси, а се појави и Кливленд.

Имено, медиумите тврдат дека се сретнал со сопственикот Дан Гилберт и ЛеБрон Џејмс кој го убедувал да дојде во Охајо.

Имено, ЛеБрон е спремен да се откаже дел од својот договор со цел во селери-кап да направи место за Вејд.

Со тоа ќе го оживее дуелот кој на Мајами донесе титула. Познато е дека се одлични пријатели, дека не го прекинаа контактот ни кога ЛеБрон се врати во Кавси.

Актуелниот шампион на овој начин ќе реагира после шокантниот премин на Дурант во Голден Стејт.

Постојат неколку варијатни, едната е Иман Шумпер и неговите 10 милиони да одат во друг клуб, но тоа е малку веројатно, па веројатно во рацете на ЛеБрон ќе биде одлуката.

Вејд има 34 години и сигурно му останаа уште неколку сезони во НБА лигата каде што може да направи разлика.

Дали ќе сака, како што се тврди, на ЛеБрон да ја врати услугата, да отиде во Охајо после 13 години на Флорида останува да видиме.

Работите се развиваат побрзо во овие денови, а неговиот евентуален премин ќе биде секако шампионски начин да се врати ударот на Вориорси на пазарот на слободни агенти.