Санчез погоди, Арсенал победи – Топчиите со многу мака го совладаа Хал (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал на Емирати го победијa Хал во натпревар од 25-то коло во ПЛ, 2:0.

Алексис Санчез имаше шанса за погодок петнаесетина минути по почетокот на натпреварот, но неговиот шут беше непрецизен. Во 33-та минута Гибс шутираше, неговиот шут беше блокиран, а топката се одби до Санчез кој му донесе водство на топчиите.

Пред крајот на натпреварот Клукас играше со рака во казнениот простор. Фудбалерот на Хал доби црвен картон, а топчиите пенал. Санчез шутираше од белата точка, погоди и ги постави конечните 2:0.

После два порази во низа, топчиите победија, сега се на третата позиција и имаат исто бодови со второпласираниот Тотенхем и девет бода помалку од лидерот Челси. Петлите и сините имаат натпревар помалку.