Брегалница со пораз ги заврши подготовките за пролетиот дел од сезоната


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На пријателскиот натпревар кој што се одигра во Штип, Брегалница загуби минимално од српски Земун, 0:1.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Лукиќ во шестата минута од натпреварот.

Брегалница во првото полувреме имаше неколку шанси за погодок, но не ги реализираше. Во второто полувреме мируваа мрежите, а српскиот клуб на крајот на се радуваше.

Ова е прв пораз на Брегалница во подготовките, а претходно запиша победи против Работнички (2:1), Обриште( 4:1), Ботев Враца (1:0) и Турново (3:1).