Манчестер Јунајтед лесно со Вотфорд – Мата и Марсијал донесоа победа на црвените ѓаволи (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од 25-то коло во ПЛ се одиграа уште пет натпревари.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Вотфорд со 2:0 на Олд Трафорд.

Голманот на Вотфорд, Гомес беше фантастичен на почетокот на натпреварот. Му одбрани неколку удари на Погба и Ибрахимовиќ.

Во 32-ра минута Мата успеа да го совлада Гомес за прв пат на натпреварот. На полувреме ѓаволите имаа минимално водство.

Де Хеа во второто полувреме фантастично го одбрани ударот на Зарате од слободен удар. После половина час игра на Олд Трафорд, Јунајтед имаше водство од 2:0.

Ентони Марсијал ја затресе мрежата на Вотфорд по втор пат.

Манчестер Јунајтед на крајот победи со 2:0. После денешната победа црвените ѓаволи се искачија на петата позиција на табелата во ПЛ со два бода повеќе од Ливерпул кој има натпревар помалку.

Во останатите натпревари Мидлзбро и Евертон одиграа без погодоци, Стоук минимално го победи Кристал Палас, 1:0, Саутемптон на гости со 0:4 го совлада Сандерленд, а Вест Хем и ВБА ремизираа, 2:2.