Барселона се одмазди на фантастичен начин – Алавес доби шест парчиња на домашен терен од каталонската машинерија (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на гости убедливо го победи Алавес со 0:6 во натпревар од 22-ро коло во Ла Лига.

Видал шутираше над голот од блиску во петнаесетата минута. Алавес се закани преку Тео чиј удар беше одбранет од Тер Штеген.

Алавес конечно капитулира во 37-ма минута кога Луис Суарез му донесе водство на Барселона. Само три минути подоцна уругваецот асистираше, а Нејмар погоди за 0:2.

Во 59-та минута Лионел Меси се запиша во листата на стрелци. Неколку минути подоцна Алексис постигна автогол за 0:4.

Суарез му асистираше на Ракитиќ кој го постигна петиот погодок за Барселона на денешниот натпревар. Конечните 0:6 ги постави Луис Суарез кој го постигна вториот погодок на натпреварот.

Каталонците после денешната победа се искачија на лидерската позиција на табелата во Ла Лига. Сега имаат два бода повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб има три натпревари помалку.