Тотенхем на колена од Садио Мане – Сенегалецот за две минути со два погодоци ги среди петлите (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул на Енфилд го совладаа Тотенхем со 2:0 во натпревар од 25-то коло во ПЛ.

После шеснаесет минути игра црвените имаа водство. Садио Мане на асистенција на Вајналдум ја затресе мрежата на Лорис.

По погодокот Лалана имаше шанса да го зголеми водството, но неговиот шут го одбрани фантастично Лорис. Топката се одби до Фирмињо кој шутираше, но и тој беше запрен од францускиот голман. На крајот Садио Мане го најде патот до мрежата и го постигна вториот погодок на натпреварот.

Мане имаше две големи шанси за да постигне трет погодок на натпреварот. Лорис го спаси Тотенхем од поголема негатива. Сон и Деле Али не искористија шанси за погодок на Тотенхем.

Во второто полувреме на Енфилд мируваа мрежите, па Ливерпул на крајот се радуваше.

Црвените после денешната победа се наоѓаат на четвртата позиција и имаат исто бодови со Сити кој е пети има натпревар помалку. Од Арсенал и Тотенхем имаат само бод помалку, а од лидерот Челси десет бода помалку, но сините имаат еден натпревар помалку.