Кралска победа против Осасуна – Реал Мадрид повторно е на врвот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид победија на ЕЛ Садар против Осасуна со 1:3 во натпревар од 22-ро коло во Ла Лига.

Осасуна започна подобро во натпреварот. Ривиер се закани по голот на Навас, но костариканецот го одбрани неговиот удар. Во 15-та минута една лоша ситуација на теренот. Тана во дуелот со Иско ја скрши ногата.

Реал Мадрид од својата прва шанса стигна до погодок на натпреварот. Бензема асистираше, а Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Сиригу за водство на кралскиот клуб.

Неколку минути подоцна Леон излезе еден на еден со Навас, го лобуваше и го израмни резултатот. Бензема пропушти огромна шанса за да го врати водството на Реал Мадрид. Пред крајот на првото полувреме Навас фантастично го одбрани ударот Вујадиновиќ.

Навас на почетокот на второто полувреме фантастично го одбрани ударот на Леон. Во 62-ра минута Иско го врати водството на Реал Мадрид.

Роналдо пропушти шанса за зголемување на водството бидејќи Сиригу одбрани. Осум минути пред крајот Леон шутираше, но фантастичниот Навас повторно одбрани.

Васкез имаше празен гол пред себе, но шутираше над голот. Во 93-та минута Васкез се изваде за промашувањето и ги постави конечните 1:3 на асистенција на Хамес.

Реал Мадрид се врати на лидерската позиција и има еден бод повеќе од второпласираната Барселона и два натпревари помалку.