„Навивав за Реал. Зидан ми беше идол“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Одличниот играч за врска на Наполи Пјотр Зјелински ќе има во наредната недела шанса да игра против својот омилен клуб од детството и својот фудбалски идол.

Наполи во првиот дуел од осмина  финалето на Лигата на шампионите гостува на стадионот Сантијаго Бернабе, а Полјакот открива дека емотивно е поврзан за Кралскиот клуб.

„Ќе бидам искрен, навивав за Реал како мал, Зидан ми беше идол. Ќе ми биде чест да го запознам.

Наполи сака да победам, одиме таму да ја играме нашата игра. Не не интересира што ќе работи противникот, важно е тоа што ние можеме.

Ќе биде тоа остварување на сонот за мене, мојот прв меч на Бернабе, кога ќе излезете на терен, тоа повеќе нема да ми биде во главата“, рече 23-годишниот Зјелински.

Тој во петокот беше стрелец во победата на Наполи над Џенова, што беше негова најдобра увертира пред најважниот меч во сезоната за италијанскиот клуб.