„Јувентус ме лути!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помеѓу Рома и Јувентус во последните години е создадено големо ривалство.

Рома неколку години се обидува да стигне до врвот, но тоа не им успева.

Оваа сезона вложуваат големи напори за конечно да ја прекинат нивната доминација, но Јувентус во моментов има 7 бодови повеќе од нив.

Бруно Переш изјави дека Јувентус го лути него и неговите соиграчи.

„Секако дека е тешко, но ние сме втори на табелата и сакаме да продолжиме да се бориме за титулата. Јувентус е како Коринтијанс во Бразил. Сите сакаат да ги победат и не ја сакаат нивната доминација. Нашите навивачи не замолија да го победиме Лацио и Јуве и да ја освоиме титулата.“

„Рома ја освои титулата пред 20 години, а во оваа сезона има уште многу да се игра и ние имаме многу самодоверба.“