„Понуда од Кина и моите внуци ќе ги направи богати“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Наполи потврди дека одбил богата понуда од најнаселената земја на светот.

Белгиецот игра одлично во оваа сезона во дресот на Наполитанците, после повредата на Милик доби шанса да заигра и во самиот шпиц на нападот и тоа го искористи на најдобар начин.

Неговите игри не останаа незабележано ни од богатите Кинези, кои на негова адреса испратија понуда која според зборовите на самиот фудбалер „и неговите внуци ќе ги направи богати“.

„Размислував за понудата еден ден и тогаш се одлучив да ја одбијам.

Морам да признам дека беше многу тешко да се рече „не“ на таква сума бидејќи гарантираше богатство и за вашите деца, па дури и за внуците“, рече Мертенс.

Таква слична понуда не можеше да одбие неговиот колега од репрезентацијата Аксел Витсел, а офанзивецот на Наполи верува дека знае кои се вистинските причини поради што фудбалерите се почесто заминуваат во Кина.

„Дали ме интересира што се случува со Витсел? Нормално, мојата сопруга и јас ги согледавме работите и сите аголи и размисливме за добрите и лошите работи кои доаѓаат до доаѓањето во Кина, водејќи се со разговорите со играчите кои биле таму.

Понекогаш слушате како играчите зборуваат за својот животен избор бидејќи се во потрага за ново искуство. Тоа не е вистина, тие се водат исклучиво за пари“, јасен е Мертенс и мора да се признае дека се му е на место.