Мане играше одлично, но Клоп не е воодушевен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашната победа против Тотенхем посебно го одвои Фирмињо.

Иако Мане играше одлично, сепак Клоп беше воодушевен од Фирмињо, кој го пофали дека бил брилијантен.

„Одигравме како што треба против Тотенхем. Моравме да покажеме реакција и беше совршено. Одигравме одличен натпревар во првиот дел и дефанзивно во вториот. Хендерсон, Вајналдум и Фирмињо беа брилијантни, а особено Фирмињо.“

Ливерпул победи против Тотенхем со 2:0 и сега се на 4-та позиција во ПЛ со 49 бодови.