„Целта се трофеи, затоа и отиде во Јувентус!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот Бекер кој се грижи за кариерата на Пјаниќ, зборуваше за медиумите за причините поради кои тој преминал во Јувентус.

Пјаниќ претходно 5 години играше за Рома и беше еден од најдобрите фудбалери во тимот.

Неговиот трансфер во Рома не го прифатија најдобро, а некои одлуки пред да ја смени средината, пресудија за тој трансфер.

„Миралем сака да игра во Торино, му се допаѓа таму, исто како во Рома. Тој ја сака Италија. Многу е среќен во Јувентус и најважно за него е да игра на високо ниво.“

„Рим го напушти кога сфати дека е време да направи чекор напред во кариерата. Па така беше од Мец, преку Лион, Рома, па до Јувентус кој е еден од најдобрите тимови во ЛШ. Во Рома му беше добро, но негова цел беа освојување на трофеи.“

Оваа сезона тој постигна 5 голови и 6 асистенции.