Стојановски двоцифрен во поразот на Бетис од Естудиантес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Реал Бетис загубија на домашен паркет од Естудиантес со 73:77 во натпревар од 21-во коло во АЦБ лигата.

Домашните го имаа почетното водството на натпреварот. Потоа следуваше криза кај Бетис, a гостите тоа го искористија на фантастичен начин и стигнаа до првата двоцифрена предност на натпреварот, 10:20. Со четири коша во низа на кошаркарите на Бетис намалија на четири негатива, 20:24 после десет минути игра.

Во втората четвртина предноста на гостите се движеше околу 3 до 5 поени. Пред крајот на првото полувреме домашните постигнаа четири коша во низа и го презедоа водството, 43:41. До крајот гостите го израмнија резултатот, 43:43. На семафорот на полувреме стоеше нерешен резултат, 43:43.

Гостите на почетокот на третата четвртина имаа водство од пет поени, 43:48. Кошаркарите на Бетис на тоа одговорија со осум поени во низа за водство, 51:48. Потоа се играше кош за кош. Домашните кошаркари постигнаа пет коша во низа за 54:58 пред последните десет минути од натпреварот.

Трите поени во низа на кошаркарите на Естудиантес му донесоа водство 63:66. Веднаш домашните возвратија со тројка и го израмнија резултатот, 66:66. Гостите со четири коша во низа стигнаа до шест поени предност, 67:73. Естудиантес на крајот победи со 73:77.

Џексон го предводеше Естудијантес до победа со 23 поени. Махалбашиќ најмногу се истакна кај Бетис со 13 поени. Македонскиот кошаркар, Војдан Стојановски со 10 поени.