Втора победа во низа на Рома – По победата против Кротоне волчицата се врати на второто место (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома го победија Кротоне на гости во натпревар од 24-то коло во Серија А, 0:2.

Кротоне се закани преку Тонев чиј удар беше фантастично одбранет од Шчесни. Во 17-та минута Ферари направи прекршок во казнениот простор, а Рома доби пенал. Џеко шутираше покрај голот и не успеа да ја искористи големата шанса за погодок.

Пет минути пред крајот на натпреварот Наинголан му донесе водство на Рома.

Џеко во второто полувреме ја погоди пречката. Потоа и Фазио се закани, но неговиот шут беше одбранет од Кордаз.

Мохамед Салах асистираше, а Един Џеко се изваде за промашениот пенал и ги постави конечните 0:2.

Рома после денешната победа се врати на втората позиција и сега има четири помалку помалку од Јувентус, но бјанконерите еден натпревар помалку.