Вуко Каров – Победа го наполни Тиквеш со шест погодоци во финалето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Победа во финалето на турнирот Вуко Каров кој што се одржува во Кавадарци го победи Тиквеш убедливо со 0:6.

После четири минути прилепчани имаа водство. Трајкоски постигна погодок.

Неколку минути подоцна Шаркоски го зголеми водството на Победа. Гешоски четири минути подоцна се запиша во листата на стрелци.

Четвртиот погодок за Победа го постигна Наумоски од слободен удар. Трајкоски во второто полувреме го постигна вториот погодок на натпреварот, 0:5.

Конечните 0:6 ги постави Гешоски кој го постигна вториот погодок на натпреварот.