Еврогол на Брејди од слободен удар – Барнли освои бод против Челси (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барнли и Челси ремизираа на Турф Мур во натпревар од 25-то коло во ПЛ, 1:1.

На Челси му требаше само седум минути да стигне до водство. Педро ги израдува навивачите на сините.

Во 24-та минута Брејди постигна фантастичен погодок од слободен удар за израмнување. По голот на Куртоа се закани и Лоутон, но белгиецот фантастично одбрани.

На почетокот на второто полувреме голманот на Челси, Куртоа го одбрани ударот на Греј. Аспликуета и Диего Коста не ги претворија шансите во погодок.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, па двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.

Челси после денешното реми има 10 бода повеќе од Тотенхем и Арсенал кој се втори односно трети. Од четвртиот Манчестер Сити има 11 бода повеќе, но граѓаните имаат еден натпревар помалку.