Тричковски погоди, Аек Ларнака не издржа до крај и мораше да се задоволи само со бод


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Аек Ларнака и Аел Лимасол ремизираа во натпревар од 23-то коло во кипарската лига, 1:1.

Победничкиот погодок на натпреварот го постигна Иван Тричковски во 13-та минута.

Вториот македонски фудбалер кој игра во Аек Ларнака, Даниел Мојсов во 73-та минута го напушти теренот бидејќи доби втор жолт картон. Стрелецот Тричковски не го одигра натпреварот до крај бидејќи беше заменет во 90-та минута. Аруабарена во 92-ра минута му донесе бод на Лимасол, 1:1.

Аек Ларнака после денешното реми има само седум бода помалку од лидерот Апоел.

Иван Тричковски го постигна 11 погодок оваа сезона и се наоѓа на петото место на листата на стрелци во кипарската лига.