Едер и Кандрева го вратија Интер на победнички пат – Трајковски, Несторовски и Палермо загубија од Аталанта (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 24-то коло во Серија А се одиграа уште четири натпревари.

Интер на Џузепе Меаца го победи Емполи, 2:0.

Во 14-та минута Едер погоди за водство на нероазурите. Гаљардини и Амброзио до крајот на првото полувреме не ги искористија своите шанси за погодок и зголемување на водството на Интер.

Хандановиќ му одбрани на Круниќ на почетокот на натпреварот. Едер во 54-та минута асистираше, а Кандрева го зголеми водството на Интер.

До крајот на натпреварот и двата клуба имаа шанси за погодоци, но не се промени резултатот, 2:0.

 

Палермо на домашен терен загуби од Аталанта со 1:3. Илија Несторовски имаше шанса за погодок на почетокот на второто полувреме, но неговиот шут заврши покрај голот. Напаѓачот ги одигра сите 90 минути, а вториот македонец во Палермо, Александар Трајковски играше само до 55-та минута.

Во останатите натпревари, Киево на гости го победи Сасуоло, 1:3, а Торино во луд натпревар ја совлада Пескара со 5:3.