Димитров го освои турнирот во Софија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Григор Димитров славеше пред своите во Софија, со победата над Давид Гофан со 2:0 во сетови.

Првиот сет и двајцата тенисери беа изедначени, се играше сосема одличен тенис, како што доликува на едно финале, па и покрај тоа што е финале на мал турнир, Димитров првиот сет го осови со 7:5.

Во вториот сет, од никаде, 5:0 за Димитров, а Гофан веќе не беше тој истиот, како да не играше во вториот сет и веќе во гемот за победа на Димитров се врати, играше како никогаш досега на овој натпревар и зеде 4 гејма еден по друг и му уништи на Димитров 4 меч топки.

И сите очекуваа Димитров да го освои овој турнир пред својата публика, им се заблагодари на сите кои беа со него и владееа емоции на теренот, имаше солзи радосници.

Димитров оваа сезона има 14 победи на 15 натпревари што за него е одличен старт.