Повеќе од 10 000 навивачи на Наполи патуваат во Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид и Наполи во среда навечер ќе ги одмерат силите во првиот меч од осмина финалето на ЛШ.

Ќе биде секако еден од најинтересните дуели во оваа фаза на натпреварувањето, а навивачите на Наполи очигледно едвај го чекаат првиот дуел.

Имено, дури 10 000 имаат во план да патуваат во Мадрид и осигураа карти за овој меч.

Наполи доби за ова гостување 3 900 влезници, но навивачите на овој клуб купуваа карти од навивачите на Реал и ќе бидат многу повеќе на Бернабе отколку што се очекуваше.

Исто така, интересно ќе биде и во свечената ложа бидејќи се очекува доаѓање на поранешниот фудбалер на Наполи и на вечера која во вторникот ќе биде организирана за легендите на овие два клуба.