„Сакам спектакуларен Јувентус!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Јувентус со големи чекори оди кон новата титула во Италија.

Тие по 24 одиграни кола се први на табелата со 60 бодови, 7 повеќе од Рома и само чудо до крајот на сезоната би ги спречило да ја освојат титулата.

„Сакам спектакуларен Јувентус. Сметам дека тоа е вистински фудбал. Ние против Каљари бевме многу лоши и немавме вистински решенија. Мораме да напредуваме. Не смееме да дозволиме противниците да имаат шанси против нас.“

„Со новиот систем добивме повеќе простор. Меѓутоа, не сум задоволен со одбраната и не смееме премногу да грешиме.“

Сепак, договорот со Јувентус го врзува до 2018-та година и тој ги одбива сите шпекулации за напуштање на клубот.