Навиките останаа исти, Берлускони го нападна Монтела по најважната победа во сезоната!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едно е сигурно по продажбата на тимот на Кинезите, а тоа е дека тренерите ќе можат да работат на мир.

Милан, со сите маки, оваа сезона освои трофеј, поточно Суперкупот.

Успеаа по пенали да го победат Јувентус и не беа нерамноправни во тој дуел, напротив се вратија во натпреварот и можеа да го завршат натпреварот пред пеналите.

И покрај тоа, Монтела со Милан го победи Јуве и во првенството, па и покрај поразот во купот може да се пофали со позитивен резултат против најсилниот тим во лигата.

Но, најверојатно се случи нешто по победата во Катар.

Берлускони го повика тренерот и му замери затоа што Милан играл премногу дефанзивно. Рече дека Монтела морал да тргне со два напаѓачи и со еден офанзивен играч зад нив и дека тимот мора да игра повеќе напаѓачи и поубаво, како Барселона.

Младиот тренер беше шокиран, но тоа не е ништо ново кога станува збор за Берлускони.

Од тогаш немаше контакти, Монтела изјави по победата во Болоња со 9 фудбалерите дека не сака да зборува за Берлускони, а прашање е на време тој повторно да го критикува него.

Во секој случај, ќе видиме дали ќс тигне некој повик по натпреварот против Лацио, а по се изгледа дека Монтела нема да остане долго во тимот, односно кинезите сакаат да донесат некое познато име, а еден кандидат кој се споменува е Роберто Манчини.