Тухел не си оди од Дортмунд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се повеќе се зборува дека Арсен Венгер може да си оди и да добие своја замена во Арсенал на крајот од оваа сезона.

На Венгер му истекува договорот на крајот од сезоната, па после лошите натпревари се повеќе е јасен неговиот крај во Арсенал.

Многу имиња се споменуваат како негови замени.

Едно од имињата е и Томас Тухел, тренерот на Борусија Дортмунд, но тоа име најверојатно отпаѓа бидејќи од Дортмунд изјавија дека трансферот на Тухел во Арсенал е само фикција.

„Никој од Арсенал не не контактираше. Во мај ќе седнеме и ќе ја анализираме целата сезона. Тој има уште договор овде“ – изјави Јоаким Вак од управата на Дортмунд.