Јаховиќ погоди и се искачи на врвот на листата на стрелци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Гезтепе и Баликеширспор ремизираа во натпревар од 20-то коло во турската втора лига.

Во првото полувреме мируваа мрежите.

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ во 73-та минута од натпреварот му донесе водство на Гезтепе. Озген во 90-та минута го израмни резултатот и му донесе бод на Баликеширспор.

Адис Јаховиќ денес го постигна 13-от погодок за Гезтепе оваа сезона и се наоѓа на врвот на листата на стрелци во турската втора лига.