Борнмут немоќен – Манчестер Сити победи и ја намали предноста на Челси (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити победија на Дин Корт против Борнмут во натпревар од 25-то коло во ПЛ, 0:2.

Натпреварот започна лошо за Сити, Габриел Жесус поради повреда после петнаесет минути игра го напушти теренот, а на негово место влезе Агуеро. Рахим Стерлинг во 27-ма минута ја погоди стативата. Само две минути подоцна англичанецот му донесе водство на граѓаните.

Во второто полувреме дефанзивецот Мингс постигна автогол и ги постави конечните 0:2.

После денешната победа Манчестер Сити има осум бода помалку во однос на лидерот Челси.