ФМ прогнозира – Трофејот на Лигата на шампионите повторно ќе заврши во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновото издание на популарната фудбалска симулација „”Football Manager” Лигата на шампионите во оваа сезона ќе донесе многу возбудувања.

Реал Мадрид во минатата сезона по втор пат во последните три години ја освои ЛШ, а во финалето како и во 2014 година беа подобри од Атлетико Мадрид.

Пред две и пол години славеа после продолженија со 4:1, а во минатата година од Јорганџиите беа подобри после изведувања на пенали.

Креативните уредници на порталот Гоал ги споија паровите од 1/8 финалето на овогодинешното издание на елитното натпреварување и пуштија за играта да го одработи своето до крајот на сезоната.

Што се однесува до паровите од 1/8 финалето, ова беа резултатите:

Манчестер Сити – Монако 4:1

Реал Мадрид – Наполи 5:2

Бенфика – Дортмунд 1:5

Баерн Минхен – Арсенал 4:3

Порто – Јувентус 0:3

Леверкузен – Атлетико Мадрид 1:3

ПСЖ – Барселона 3:6

Севиља – Лестер 3:3*, актуелниот шампион на Англија помина понатака поради повеќе постигнати голови на гостувањето.

Значи, Реал лесно ја прескокна првата пречка, го совлада Наполи со вкупен резултат 5:2 и се пласира меѓу осумте најдобри.

Лестер ја изненади Севиља додека Манчестер Сити и Барсеелона полесно од очекуваното изборија пласман во наредната фаза.

Резултатите после одиграните мечеви од 1/4 финалето беа следните:

Баерн Минхен – Дортмунд 7:0

Манчестер Сити – Атлетико Мадрид 2:3

Лестер Сити – Реал Мадрид 2:6

Јувентус – Барселона 1:6

Значи, Реал беше убедлив против Лестер, а во полуфиналето со ждребот е одлучено да се избегне потенцијална реприза од финалето од 2016 година, а мадридските ривали ги вкрстија копјата во претпоследната рунда од натпреварувањето.

Резултатите после одиграните мечеви од 1/2 финалето:

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 2:4

Баерн – Барселона 3:1

Првиот меч на Висенте Калдерон е завршен со резултат 1:1, додека Реал на Бернабе славеше со 3:1 со головите на Бејл,Роналдо и Модриќ.

Во второто полуфинале Баерн на Анчелоти ја запре Барселона, дозволија само еден гол на два дуели, а херој на Баварците беша двојниот стрелец Роберт Левандовски, кој своите голови ги постигна на првиот дуел одигран на Алијанц Арена.

Големото финале во Кардиф е завршено со победа на Реал после подобро изведување на пенали:

Реал Мадрид – Баерн 2:2 (4:3 за Реал во пенал серија)

Регуларниот дел од дуелот е завршен со дури четири голови, по два на двете страни. Поведе Реал во 33 минута преку Бејл, а во второто полувреме Баерн направи пресврт со головите на Робен и Левандовски.

Алваро Мората го израмни резултатот во 86 минута, и се играше продолженија. Дополнилните 30 минути не донесе промена на резултатот, па пенал лотаријата мораше да го донесе победникот.

Промаши прво Кимих, а во иста мерка врати Серхио Рамос кој ја погоди пречката. Трофејот на Реал го донесе Ренато Санчез, кој во одлучувачката серија го префрли цел гол.