Готово – Интер ја договори цената за најголемата желба?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челниците на Интер завршија голема зделка.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалскиот клуб Интер се сретна синоќа со агентот на Рикардо Родригез и го договори трансферот на швајцарскиот репрезентативец.

Наводно, се е договорено, Родригез ќе потпише за Интер, а висината на трансферот ќе изнесува 22 милиони евра.

Спортскиот директор на Интер Пјеро Аусилио и агентот на Родригез Џанлука Ди Доменико се сретнаа синоќа во еден хотел во Милано и завршија голема зделка.

Клаузулата на Родригез изнесува 22 милиони евра, а Интер е спремен да плати и во тој случај, Швајцарецот на лето ќе се пресели на Џузепе Меаца.