Ѓоковиќ најверојатно нема да игра на УС Опен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе го пропушти последниот Грен Слем во сезоната.

Причината е едноставна. Неговата сопруга треба да се породи во тој период од годината.

Ѓоковиќ сака да биде присутен кога неговото второ дете ќе се роди и сите обврски ќе бидат во сенка на тоа.

„Новак нема намера да го пропушти раѓањето на неговото второ дете. Ако тоа биде во моментот на играњето на УС Опен, нема ни да доаѓа во Њу Јорк.“

Освен УС Опен, на турнејата тие недели се играат и два Мастерс турнири и тоа во Монтреал и Синсинати.