Џои Дорси се пресели во Турција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доби отказ во Барселона, а сега се бори за опстанок со новиот клуб..

Американецот Џои Дорси има нов клуб, а станува збор за Бест Баликешир. Играчот кој на средината од јануари доби отказ во Барселона, потпиша договор со турскиот тим до крајот на сезоната.

Баликешир се наоѓа во лоша позиција на табелата – претпоследен е со два бодови помалку од Ушак кој е надвор од зоната на испаѓање, а управата смета дека со ангажирањето на 33-годишниот центар се засилени шансите во таа борба.

Во првиот дел од сезоната Американецот во дресот на Барселона во Евролигата просечно постигнува 5.5 поени и 6.3 скокови по натпревар.

Дорси во кариерата играше и за Олимпијакос со кој во 2012-та година освои титула во Евролигата.

Дорси има играно и во Хјустон, Сакраменто и Торонто.