„Многу ми е драго тоа што Челси е заинтересиран за мене“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалер во Аталанта, Франк Кеси изјави дека му е драго тоа што Челси го сака во своите редови.

„Тоа само докажува дека моите игри не остануваат неприметени. Не сакам да брзам но мило ми е бидејќи клуб како Челси ме следи“ – изјави Кеси

Конте сакаше да го ангажира уште во Јануари но тоа не му успеа така што ќе чека на лето, а медиумите веќе тој трансфер го гледаат како завршена работа.

Освен Челси, за Кеси сериозно се интересира и Рома.