„Доколку постигнам погодок, нема да го славам“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во среда на Сантиаго Бернабеу силите ќе си ги одмерат Реал Мадрид и Наполи.

Овој дуел ќе биде посебен за Каљехон кој рече дека ќе биде доста емотивен.

Напаѓачот на Наполи во Италија дојде токму од Реал, кој долго ќе му остане во сеќавање.

„Имам огромно почитување кон Реал. Сонот ми беше да играм во Реал и мило ми е што го остварив“

„За мене тоа ќе биде посебен дуел, а доколку постигнам гол нема да го прославам. Од Реал заминав бидејќи сакав да играм повеќе а таму немаше простор за мене“ – изјави Каљехон.