Грег Поповиќ секогаш го кажува тоа што другите го премолчуваат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Сан Антонио Спарси, Грег Поповиќ секогаш сака да биде слободен во своите изјави и да ги изрази своите мисли.

Овој пат големиот и легендарен тренер зборува за новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Сигурно многумина ќе кажат дека политиката не е за мене и дека треба само да тренирам кошарка. Сите се надеваме дека Трамп ќе биде добар претседател, и дека ќе биде добар за сите нас, но не започна на тој начин. Не кажа ништо за жените, за хендикепираните, за мексиканците, за дрогирашите. Се однесува како ништо да не се случило“ – изјави Поповиќ.

„Направи се за да биде избран. Зборуваше и правеше секакви работи што за мене е неприфатливо. Тоа можат да го видат и тие што гласаа за него“ – додаде Поповиќ.

Грег со Спарси освои пет титули и три пати досега и избран за НБА тренер на годината.