Две ремек-дела на Ди Марија и Дракслер и Кавани стрелаа – ПСЖ ја понижи Барселона со покер на Паркот на Принцовите (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ на Паркот на Принцовите ја победија убедливо Барселона во првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ.

После шест минути игра Кавани со глава шутираше, но дефанзивецот на Барслеона спаси погодок и рано водство на парижаните. Тер Штеген неколку минути подоцна му одбрани на Матуиди. Во 18-та минута голманот на Барселона за прв пат беше совладан на натпреварот. Анхел Ди Марија постигна фантастичен погодок од слободен удар за водство на ПСЖ.

Дракслер потоа се закани по голот на Барселона, но неговиот шут го одбрани Тер Штеген. Во 40-та минута Дракслер го зголеми водството на ПСЖ.

Почетокот на второто полувреме донесе ново ремек дело на Анхел Ди Марија кој го постигна вториот погодок на натпреварот, трет за ПСЖ. На нов погодок се чекаше во 82-ра минута кога Едисон Кавани по четврти пат ја затресе мрежата на Тер Штеген.

Каталонците имаа шанса да го постигнат првиот погодок на натпреварот, но Умтити со глава ја погоди стативата. ПСЖ на крајот победи со 4:0.

Реванш натпреварот се игра на осми март на Камп Ноу.