Орландо го трејдуваше Ибака!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот играч Серж Ибака кариерата ќе ја продолжи во Торонто, откако Орландо го трејдуваше за Теренс Рос.

Нешто повеќе од 6 месеци се задржа Ибака во тимот, а денес замина во Канада.

Крилниот Центар ќе се приклучи на Торонто, а во тимот на Орландо ќе дојде Теренс Рос.

Па така Торонто во свои редови ќе има уште еден Шпанец, откако претходно дресот на клубот го носеа Калдерон и Гарбахос.

Во оваа сезона тој има во просек по 15.1 поени и 6.8 скокови.