АТП Ротердам – Клижан го изненади Вердаско!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес беа одиграни неколку натпревари на програмата на турнирот во Ротердам.

Во првиот натпревар Колшрајбер беше сигурен против Пули со 2:0 во сетови, додека Симон беше подобар од Махут со 2:1, односно 3:6, 6:3 и 6:4.

Милер беше сигурен против Грикспор со 2:0, односно 6:3 и 6:2.

Најголемото изненадување го направи Клижан кој го победи Вердаско со 2:1 во сетови, односно 6:4, 0:6 и 6:1.

Цонга беше сигурен против Циципас со 2:0 и првиот носител Чилиќ се измачи против Паире, но на крајот стигна до победата со 2:1 во сетови, по пресврт со 5:7, 6:3 и 6:2.