Славениците Ди Марија и Кавани: Не можевме да замислиме подобра вечер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Да ја победиш со 4:0 Барселона на роденден е неверојатна работа“, рече Аргентинецот.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен имаат голема причина за задоволство бидејќи славеа против Барселона со 4:0, а Анхел Ди Марија и Единсон Кавани имаат дупла причина бидејќи синоќа им беше роденденот.

После мечот беа без текст, но секој збор кој излезе од нивните усти беше неверојатен.

„Не можевме да замислиме подобра вечер. Да ја победите Барселона со 4:0 на мојот роденден е неверојатна работа. Беше тоа совршен меч.

За да победите, морате да играте како ние денеска. Но, и Барселона е тим кој може да даде четири голови“, рече Ди Марија (даде два гола) сепак е на земја бидејќи знае дека ПСЖ мора да игра и на реваншот на Ноу Камп.

Но, славеник беше и Единсон Кавани како и стрелец на еден погодок.

„Четири сезони сум во Париз, игравме големи мечеви, но оваа победа има многу посебен вкус поради значењето на овој ден за мене. Сите сме среќни поради работата која ја одработивме, но мораме да го чекаме утре за да се опоравиме. Засега не размислувам за реваншот, веќе сме фокусирани на домашниот шампионат и купот. Мораме добро да се подготвиме за Барселона бидејќи фудбалот е прекрасна игра баш затоа што не знаете пред натпреварот што може да се случи“, рече Кавани.

Реваншот е на програмата на 8 март.