Кливленд беше сигурен – Казнс ги „сруши“ Лејкерс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 3 натпревари во НБА лигата.

Актуелниот шампион Кливленд успеа да ја победи Минесота со 116:108, со добрата игра на Џејмс. Тој постигна 25 поени, 14 асистенции и 8 украдени топки. Кај домаќинот најдобар беше Вигинс со 41 поен.

Чикаго го победи Торонто со 105:94. МекДермот постигна 20 поени за домаќинот, а на висина на задачата беше и Џими Батлер кој постигна 19 поени и 12 асистенции.

Сакраменто беа подобри од Лејкерс со 97:96, а фантастичен натпревар одигра Казнс кој постигна 40 поени.