Заинтересираните страни може да испраќаат понуди – Санчез вреди 100 милиони евра?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако се разгледа пазарот, тогаш само еден клуб е заинтересиран да даде толку пари.

Приказните за доаѓање на Санчез во Италија  не престануваат.

Го сакаат Милан, Интер и Јувентус, но кога ќе ги погледнете реалните бројки, нереално делува дека некој од клубовите би можел да даде толку пари за него.

Затоа што тој не се откажува од својата плата од 11 милиони по сезона и бара договор на 4 или 5 години.

Кога тоа ќе го пресметате заедно со парите кои ги бара Арсенал за него, тогаш се доаѓа до сума од 100 милиони евра.

Неговата плата е најголем проблем, таа апсолутно ги пробива сите рамки на италијанскиот фудбал.

Игуаин е најплатен фудбалер со 7.5 милиони и тој би можел да заработи до 9 милиони со некои бонуси.

Но тоа сепак е малку за тоа што го бара Санчез.

Што се однесува до Кинезите, „Санинг“ тешко дека ќе вложи толку многу пари за еден фудбалер.

Поради тоа, ако тој замине од Арсенал, најверојатно ПСЖ би бил негов нареден клуб, но ќе видиме и тие колку се подготвени за ваков трансфер.