Згодни тенисерки – Елена Веснина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Елена Веснина е родена на 1 август 1986 година во Русија.

Нејзин најдобар пласман во кариерата е 16-то место во сингл конкуренција и 3-то место во конкуренција на двојки.

Веснина има освоено 3 Грен Слем титули во двојки, помеѓу кои се Френс Опен во 2013, УС Опен во 2014 и АО во 2016.

Една од најдобрите сезони за неа беше 2009 година кога стигна до своето прво ВТА финале и пласман од 24-то место на крајот на годината.

Таа го повтори својот успех во 2013-та година кога стигна до својот најдобар пласман и таа ја освои својата прва ВТА титула во Хобарт и Истбурн.

Таа во сингл конкуренција има 381 победа и 298 порази, како и освоено 2 ВТА и 2 ИТФ титули.

Во конкуренција на двојки има 361 победа и 200 порази, а има освоено и 14 ВТА и 6 ИТФ титули.