Медиумите истакнаа едно име во прв план како замена за Енрике!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После синоќешниот дебакл, заминувањето на Луис Енрике е далеку поблиску.

Се зборуваше дека Луис Енрике ќе замине од Барселона на крајот на оваа сезона, а сега после поразот од ПСЖ од 4:0, крајот е многу блиску.

Се споменуваат, веќе сега, и негови наследници.

Роналд Куман беше во прв план во текот на претходните месец дена, медиумите пишуваа дека наскоро овој некогашен фудбалер на Барселона на клупата на тој тим, но едно друго име изби во прв план.

Се работи за сегашниот трагет на Севиља, Хорхе Сампаоли.

Сампаоли го бараше Челси пред да се одлучеа за Конте, а после фантастичната полусезона во Севиља, сега е уште побаран.

Прашање е, сепак, дали Сампаоли има желба да ја напушти Севиља…

Неговиот договор истекува во 2018 година.