Баерн има неверојатна серија на домашен терен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Баерн вечерва на Алијанц Арена го дочекува Арсенал во рамките на првиот меч од осмина финалето на Лигата на шампионите.

Добро позната работа е дека на секоја екипа гостувањето на Алијанц Арена е многу тешко, а во последно време е невозможно да се однесат бодови од овој стадион.

Имено, странските медиуми пред вечерашниот меч посветија статистика и извлекоа податок дека Баерн во последните 15 меча во Лигата на шампионите на домашен терен ги реши сите во своја корист.

Рака на срце, против Јувентус во осмина финалето во минатата сезона мораа да играат продолженија за да стигнат до победа од 4:2. Значи, ако е веројатна оваа статистика, но и моменталната форма на Баерн, Арсенал вечерва тешко ќе извлече поволен резултат.

Мечот почнува од 20:45 часот.