„Би сакал да играме против Лестер“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холанѓанецот од редовите на Баерн од Минхен Арјен Робен повеќе би сакал неговата екипа во осмина финалето да игра против Лестер, отколку против Арсенал.

Баерн и Арсенал вечерва, по кој знае кој пат, ќе ги одмерат силите во Лигата на шампионите, а нивните чести мечеви почнаа да пречат и на Робен.

Имено, тој порача дека сака да игра против екипа со која досега немал шанса да игра. Една од тие екипи е баш актуелниот шампион на Англија, Лестер Сити.

„Повеќе би сакал да играме против Лестер. Тоа е подруго. Не е полесно или потешко, туку подруго. Ако имам шанса да бирам, тогаш тоа би го избрал. Овој пат не реков „Одиме повторно да го извлечиме Арсенал.

Сакам, како фудбалер, да играм против екипи со кои досега сум немал можност да играм“, рече Робен.

Инаку Лестер е сеуште актуелен шампион на Англија, во оваа сезона игра катастрофално па така сигурно ќе ја направаше полесна работата на Баерн во оваа фаза од натпреварувањето.

Да потсетиме, Лисиците во осмина финалето ќе игра против Севиља.