Пукна петарда на Алијанц Арена – Жртвата е Арсенал (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На Алијанц Арена, Баерн Минхен победи со 5:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ против Арсенал.

После 11 минути игра Робен ја затресе мрежата на гостите.

Во 29-та минута Роберт Левандовски направи прекршок во казнениот простор, а Арсенал заработи пенал. Ноер го одбрани ударот на Санчез, но топката среќно се врати до чилеанецот кој го израмни резултатот.

Фудбалерите на Баерн Минхен до крајот на натпреварот имаа шанси за да го вратат водството, но не ги реализираа.

На почетокот на второто полувреме Левандовски погоди за 2:1.

Само три минути подоцна Алкантара зголеми на 3:1.

На нов погодок се чекаше до 63-та минута кога Алкантара го постигна вториот погодок на натпреварот.

Конечните 5:1 ги постави Томас Милер во 88-ма минута.