Наполи поведе, но си замина со празни раце од Бернабе – Еврогол на Касемиро во победата на Реал Мадрид (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе го победи Наполи со 3:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето во ЛШ.

На почетокот на натпреварот Реина фантастично го одбрани ударот на Бензема. Инсиње од далечина во осмата минута погоди за водство на Наполи.

Водството траеше само десет минути на гостите, Бензема со глава го израмни резултатот. После погодокот Роналдо имаше шанса за погодок, но неговиот шут заврши над голот.

Пред крајот на првото полувреме Бензема промаши зицер.

Почетокот на второто полувреме донесе водство на кралскиот клуб. Тони Крос погоди за 2:1.

Неколку минути подоцна Касемиро постигна еврогол за 3:1. Мертенс пропушти огромна шанса за погодок, а Пепе Реина потоа му одбрани фантастично на Хамес.

На крајот Реал Мадрид победи со 3:1.