Дали деновите на Венгер на клупата на Топџиите се избројани?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со години навивачите на Арсенал очекуваат дека Арсен Венгер конечно ќе создаде екипа кадарна за освојување на трофеј, но од година во година од тоа нема ништо.

Дали капката вечерва ја прелеа чашата?

Второто полувреме од вечерашниот меч во Минхен, меѓу Баерн и Арсенал, донесе вистински бродолом на екипата на Арсен Венгер.

Четири примени голови за 45 минути, за конечни 5:1 во корист на Баварците не дава речиси никаква надеж дека во реваншот на Емирати може да дојде до некаков пресврт.

А со оглед дека ни во оваа сезона нема да биде ништо од титула во Премиер лигата, приврзаниците на Арсенал се повеќе се задоволни од работата на Арсен Венгер и со нетрпение очекуваат негово заминување.

Како што Арсенал игра под водство на Венгер во оваа сезона, и која е причината за тоа, можеби вечерва најдобро објасни Рио Фердинанд.

„Тимовите се обично одраз на нивниот тренер…“, порача некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед.

Интересен е и податокот дека Арсенал и шеста сезона по ред доживеа пораз во првиот меч од нокаут фазата од ЛШ. Во прилог на тоа, со овој вечерашниот, и потсетува на претохдните пет порази…

Нормално, не треба ни посебно да се истакнува дека вечерва на друштвените мрежи има лавина на негативни коментари на сметка на Венгер.

Како „Професорот“ ќе реагира на овој најнов притисок?